Охриѓанец избол човек со нож во казино

од Milan1
16 прегледи

Вчера во Струга е уапсен 33-годишен жител на Охрид, кого полицијата го барала поради обид за убиство во казино.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.У.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26.12.2024 во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Л.У., а судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена“, информираат од МВР.

Слични содржини