ОХЦР: Има извештаи за насилство врз проруските луѓе во Украина

од Milan1
202 прегледи

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на при ОН (ОХЦР) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски се мета на насилство во регионите под контрола на украинската влада, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.

На 49-тата седница на Советот за човекови права на ОН, Мишел Башелет рече дека ОХЦР е загрижена поради „извештаите за насилство врз оние за кои се верува дека се проруски на териториите контролирани од украинската влада“, пренесува ТАС.

Според неа, Канцеларијата е „загрижена и поради извештајот за произволно приведување на проукраински луѓе во области кои неодамна се под контрола на вооружени групи на исток“.