Околу 4 илјади жители напуштиле град бегаjќи од нарко-картел

од Milan1

Повеќе од 4.000 луѓе го напуштиле градот Тила во државата Чиапас, на југот на Мексико, поради насилството на нарко бандите, соопштија денеска државните власти. Мексиканскиот претседател во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска призна дека властите морале да формираат кампови за раселените лица бидејќи околу 4.200 жители го напуштиле градот Тила, пренесува Бета-АП.

Тие побегнаа во текот на викендот, откако вооружени банди отворија оган врз градот минатата недела и изгореа голем број куќи, соопштија државните обвинители.

Центарот за човекови права Дигна Очоа објави дека зад насилството стои група која себеси се нарекува „Автономос“ (Автономна) и дека тие се занимаваат со трговија со дрога. Најмалку две лица беа потврдени мртви, а најмалку 17 згради беа изгорени минатата недела.

Банди, исто така, беа обвинети за изнуда на плаќања за наводна заштита, како и за поставување блокади на патиштата.

Обрадор рече дека храната била испратена во камповите. Тој тврди дека „работите се смириле“ и додава дека владата сега сака да започне преговори со групите „за да се постигне договор за луѓето да се вратат во своите домови“.

Шарл Мишел не ја сака Фон дер Лајен во Брисел, виновна е аферата „софагет“

Судирите меѓу ривалските нарко картели погодија неколку градови во Чиапас, во близина на границата со Гватемала, бидејќи областа е главна рута за шверц на дрога и мигранти. Лопез Обрадор долго време се обидуваше да го минимизира насилството во Чиапас, обвинувајќи ги за сензационализам оние што известуваат за тоа.

Слични содржини