Околу 80 лица, од кои некои носеле ски-маски, упаднале во продавница во областа Сан Франциско, ги нападнале вработените и украле стока пред да побегнат со автомобили од местото на настанот, соопштија денеска полицијата и очевидци. Тројца осомничени се уапсени, додека повеќето избегале по големиот грабеж во саботата вечерта, кој ги запрепасти клиентите
Двајца вработени биле нападнати, а еден бил испрскан со солзавец за време на, како што полицијата го опишала како „очигледно планиран настан“.
Додека бегале, крадците носеле полни торби и кутии со стока. Новинарката Џоди Хернандез на Твитер објави дека видела како крадците како упаднале во продавница во трговски центар во град кој се наоѓа на 32 километри североисточно од Сан Франциско.
– Околу 25 автомобили ги блокираа улиците, луѓето упаднаа во трговскиот центар, ја земаа робата, пред да влезат во автомобилите и побегнаа, изјави Хернандез.