Околу три илјади севернокорејски војници ќе се борат на страната на Русија во Украина

од Milan1
23 прегледи

До 3.000 војници ќе брои севернокорејскиот баталјон во Украина кои ќе бидат испратени во рускиот регион Курск каде Русија пробува да го запре украинскиот пробив. Рускиот лидер Владимир Путин и претседателот на Северна Кореја Ким Јонг Ун договориле „Специјалниот баталјон Бурјат“ да биде дел од 11-та одделна јуришна бригада на руските сили.

Баталјонот ќе се снабдува со мало оружје и муниција, а треба да му помогне на Путин кој кубури со персонал во војната, објави „Њузвик“, цитирајќи го украинскиот медиум „ЛИГА“ и неговите разузнавачки извори.

Севернокорејците треба да бидат распореднени во близина на украинската граница кај Суја.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, Патрик Рајдер претходно рече дека Севернокорејците би можеле да станат „топовско месо“ во Украина.

– Гледаме растечки сојуз меѓу Русија и Северна Кореја. Овде веќе не се работи само за трансфер на оружје, туку за трансфер на луѓе од Северна Кореја во окупаторските воени сили, коментираше претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На 3 октомври, украински и руски новински извори објавија дека шест севернокорејски војници загинале на бојното поле во близина на Доњецк, а јужнокорејските власти рекоа дека понатамошни трансфери на војници се „многу веројатни со оглед на развојот на воените односи меѓу двете земји“.

Слични содржини