„Сега вие го окупиравте факултетот?
-Не, ние го ослободивме.“

Вака одговорија студените  кои од вчера се на Филозофскиот факултет и бараат АВТОНОМИЈА. За прв пат во Македонија, просторот на факултетот им припадна на студентите. Го освоија, како што е и во суштината на нештата.  Факултетите се на и за студентите. Од тука кој дел не  го разбира власта. Можеби дека во „нивно време“  го доживеале како институција, абјектна, не своја, крајно контролирана.

IMG_20150211_222822

Ако е така, време е Универзитетите во Македонија да се во и за името на науката, слободната  и креативна мисла. Ама слобода е голем збор за да ја свари „заболен желудник“. Да ја исперцепира контролиран умствен „процес“ е како сите сенки кој го следеа Јозеф.К се до запознавањето на неговиот џелат.

Ама К.беше лик – ова е реалност. Овде боли. Боли и смрди како крајно канализациска средина. Секој чекор го загадува просторот за битувањето. Прашината „под тепих“ е крајно дволична симулација на  ЈАС чесниот.

Не знам колку се свесни администратвците од институциите ни македонски, ама нивните деца се дел од  овие студенти. Како не сфаќаат дека работата во канцеларија им станува четвртиот круг од „Пеколот“.

Штета. Факултетите се на студентите и професорите со интегритет. Фала богу се уше  има во Македонија,  уште ги има. Од тука не е се загубено.

Замислите како може да се изврти зборот окупира. Да се сведе во крајно фашистчка конотација.Од тука да испадне на површина цела „македонска повраќаница“. Дека смрди, смрди од „расипана храна“ која ја конзумираат оние кои се повеќе наликуваат на „вегетативни органи“ и толку.

Епа има разлика во окупирање. Овој пат „Окупација за слобода“. Овој пат во име на науката. Ослободете ја науката! Ослободете ги идеите! Ослободете ја креативна студенска енергија!

Подобро е да се признае да се прифати дека во Македонија има поинакви. Во Македонија има интелигенција која води, која ослободува. Има и од оние другите, секакви не има. Ама победата е за разумните и авангарднте. Победата е за оне кои ќе создадат иднина.

Бил поразен Наполеон. Зошто? Дека бил диктатор, наследен император – и тоа кажува се.

Се гледаме на Градежен факултет. „Да окупираме за 0слободување од “.

Вероника Камчевска

Слични содржини