Германскиот канцелар, Олаф Шолц, предупреди дека израелскиот напад на Рафа значително ќе го отежни постигнувањето регионален мир, пренесува „Гардијан“.
Ова е еден од главните аргументи што ќе ги презентира на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна неделава за време на неговата посета на регионот.
„Во моментов, станува збор за обезбедување долготраен прекин на огнот. Тоа би ни овозможило да спречиме таква копнена офанзива воопшти да се случи “, рече Шолц по разговорите со јорданскиот крал Абдула во неговата приватна резиденција во јорданското пристаниште Акаба на Црвеното Море.
Прашан дали е подготвен да изврши притисок врз Нетанјаху да го запре таквиот напад, Шолц рече дека е „многу јасно оти мора да сториме сè за ситуацијата да не стане полоша отколку што веќе е“.
„Израел има целосно право да се заштити. Во исто време, не може оние од Газа кои побегнаа во Рафах да будат директно загрозени од какви било воени операции што ќе се преземат таму,“ посочи германскиот канцелар.
Израел – кој во петокот го одобри планот за напад на Рафах – вели дека градот е едно од последните упоришта на Хамас и вети дека ќе го елиминира, но и дека жителите ќе бидат евакуирани.
Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на ОН, сепак, предупредија дека израелската воена копнена офанзива во Рафа, каде што се засолнети над милион Палестинци, ќе доведе до крвопролевање.
Во објаваа на „X“, Шолц, исто така, рече дека сака да види многу поголема количина на помош која се доставува преку копнени патишта, тема што рече дека ќе ја покрене во разговорот со Нетанјаху во Ерусалим подоцна денеска.