ОН: 48 милиони луѓе во светот се бегалци

од Milan1
234 прегледи

Бројот на бегалци кои бегаат поради разни видови на конфликти достигна светски рекорд од 48 милиони, изјави специјалниот известувач на ОН за внатрешно раселени лица Сесила Хименез-Дамари за време на говорот пред Третиот комитет на Генералното собрание на светската организација.

– Бројот на луѓе кои ја напуштаат својата татковина поради вооружени конфликти и насилство достигна 48 милиони ширум светот. Ова е највисокиот број бегалци досега регистрирани, додаде Дамари.

Таа смета дека се повеќе луѓе, поради климатските промени, ќе ги напуштаат своите домови во потрага по храна, а од 2020 година на зголемениот број на бегалци влијае и пандемијата на коронавирусот.

 

Слични содржини