ОН бара да нема казна за демонстрантката која „влета“ во програмата на руската државна телевизија

од Milan1
213 прегледи

Руските власти да се погрижат демонстрантката Марина Овсијаникова која „влета” во телевизиската програма да не биде казнета, бидејќи таа само го искористи своето право на слобода на говор, повикаа Обединетите нации денеска.

Според денешното соопштение на Кремљ, прекинувањето на вестите на рускиот државен канал за да се осуди војната во Украина, се сведува на „хулиганство”.

Невладината организација ОВД-Инфо, која ја претстави демонстрантката како Марина Овсијаникова, вработена во тој медиум, соопшти дека таа е приведена во полициска станица.

Овсијаникова се појави во синоќешната информативна емисија „Времиа” на првиот канал, што секојдневно ја следат милиони Руси.

Додека водителката Екатерина Андреева читаше вести, Овсијаникова се појави зад неа со транспарент со напис „Не за војната. Не верувајте ѝ на пропагандата. Овде ве лажат”.

Можеше да се види и „Русите се против војна”.

Водителката продолжи да чита вести неколку секунди, а потоа мрежата премина на репортажа и се прекина директниот пренос од студиото.

Слични содржини