ОН: Часовникот отчукува, само осум години за да се преполови емисијата на штетни гасови

од Milan1
400 прегледи

Светот се соочува со катастрофален пораст на температурата од најмалку 2,7 степени Целзиусови доколку земјите се држат до сегашните планови во борбата против климатските промени, се наведува во извештајот на ОН, а пренесува „Гардијан“.

Публикацијата во вторникот предупредува дека според сегашните цели поставени од националните влади, емисиите на јаглерод ќе се намалат за само 7,5 отсто до 2030 година, многу помалку од 45 отсто што научниците велат дека се потребни за да се ограничи порастот на глобалната температура на 1,5 Целзиусови степени, што е целта на самитот „Cop26“ кој започнува во Глазгов оваа недела.

Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, ги опиша наодите како „гласен повик за разбудување“ до светските лидери, додека експертите повикаа на драстични мерки против компаниите кои користат фосилни горива.

Иако повеќе од 100 земји ветија дека ќе достигнат нула емисии околу средината на векот, тоа, според извештајот на ОН, нема да биде доволно за да се спречи климатска катастрофа.

Ингер Андерсен, извршен директор на Програмата на ОН за животна средина (UNEP), која го подготви извештајот, рече дека климатските промени повеќе не се проблем на иднината.

„Тоа е актуелен проблем. За да имаме шанса да го ограничиме глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, имаме осум години речиси да ги преполовиме нашите емисии на стакленички гасови: осум години да направиме планови, да поставиме политики, да ги спроведеме и на крајот да направиме намалувања. Часовникот отчукува гласно “.

Емисиите на гас паднаа за околу 5,4 отсто минатата година за време на изолацијата поради Ковид, се вели во извештајот, но само околу една петтина од средствата за економско закрепнување беа насочени кон напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Слични содржини