ОН: На секој час во Газа се убива по едно дете

од Milan1
13 прегледи

Најмалку 14.500 палестински деца се убиени во тековната израелска војна во Појасот Газа од минатата година, соопшти денес Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (УНРВА), јавува „Анадолија“.

„Секој час се убива по едно дете. Ова не се бројки. Ова се скратени животи“, се вели во соопштението на УНРВА.

„Убивањето деца не може да се оправда. Оние кои преживуваат се со физички и емоционални лузни. Часовникот отчукува за овие деца. Тие ги губат своите животи, својата иднина и најмногу надежта.“

Според локалните здравствени власти, повеќе од 45.300 Палестинци, главно жени и деца, се убиени, а над 107.700 се повредени.

Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Слични содржини