Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации.
– Вистинскиот биланс веројатно ќе биде многу поголем, изјави Лиз Тросел, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.
Таа додаде дека 253 од жртвите се во регионите Донецк и Луганск во источна Украина.