ОН: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

од Milan1
13 прегледи

До 2033 година, вредноста на глобалниот пазар на вештачка интелигенција (ВИ) ќе порасне приближно 25 пати и ќе достигне 4,8 трилиони долари, што е приближно колку германската економија, а само технологиите за вештачка интелигенција ќе влијаат на 40 отсто од работните места ширум светот, се вели во новиот извештај на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

Според извештајот, ширењето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста на трудот, но може да доведе и до значително зголемување на нееднаквоста меѓу развиените и земјите во развој.

-Автоматизацијата поврзана со вештачката интелигенција често ја зајакнува предноста на капиталот над работната сила, што може да ја зголеми нееднаквоста и да ја намали конкурентската предност на евтината работна сила во земјите во развој, додава УНКТАД.

Слични содржини