ОН: Војната во Судан се шири и во Централноафриканската Република

од Milan1
9 прегледи

Судирот во Судан почнува да се прелeва преку границата и го зафаќа територијално кревкиот сосед – Централноафриканската Република (ЦАР), која веќе се соочува со сопствен внатрешен конфликт со бунтовнички групи, предупреди шефот на мировните сили на Обединетите нации, Жан-Пјер Лакроа.

На седница на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа во Њујорк, Лакроа изјави дека борци од Судан стојат зад нападот во кој минатиот петок загина припадник на мировните сили на ОН, во близина на границата меѓу Судан и ЦАР. Ова е првпат еден висок функционер на ОН јавно да потврди ваква поврзаност.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во најновиот извештај до Советот за безбедност наведе дека возила на одметнатите судански Сили за брза поддршка (RSF) се забележани во повеќе наврати на територијата на ЦАР, во близина на позиции на мировната мисија на ОН. Забележани се и упади кои, според ОН, директно се поврзани со конфликтот во Судан.

Судан е во граѓанска војна од април 2023 година, кога избувна вооружен судир меѓу суданската армија и одметнатите единици на RSF, предводени од двајца ривалски генерали. Оттогаш, според проценките, животите ги загубиле над 24.000 луѓе, околу 13 милиони се раселени, а земјата се соочува со глад и епидемија на колера. Двете страни се обвинети за извршување воени злосторства.

Централноафриканската Република, пак, се соочува со внатрешен конфликт уште од 2013 година, кога муслимански бунтовници ја презедоа власта и го симнаа од функцијата тогашниот претседател Франсоа Бозизе.

Според Лакроа, и покрај безбедносните ризици, владата на ЦАР продолжува да соработува со мировната мисија. Но, тој предупреди дека политичката состојба во земјата е многу нестабилна пред претседателските избори закажани за декември

Слични содржини