31
Изминатите 72 часа повеќе од 30.000 луѓе, главно Сиријци, преминале од Либан во Сирија 72 часа поради ескалацијата на конфликтот помеѓу израелските сили и Хезболах, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединети нации.
Се претпоставува дека околу 80 отсто од оние кои побегнале преку граница се сириски државјани, а останатите се главно Либанци, изјави претставникот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права во Сирија, Гонзало Варгас Љоса.
Според извештаите на ОН, 110.000 луѓе веќе биле принудени да ги напуштат своите домови во Либан пред да почне неодамнешната ескалација.
– Од минатата недела, бројот се зголеми за повеќе од 118.000, истакна хуманитарниот координатор на ОН во Бејрут, Имран Риза.