Опасен вирус повторно се појави во Африка

од Milan1
333 прегледи

Првиот случај на детска парализа (полио) на континентот по неколку години е забележан во африканската земја Малави. Вирусот на детска парализа е откриен кај дете во градот Лилонгве, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Лабораториските тестови покажале дека тој е очигледно донесен од Пакистан, се наведува во соопштението.

„Додека дивата детска парализа постои каде било во светот, сите земји остануваат изложени на ризик од увоз на вирусот“, рече регионалниот директор на СЗО, Матшидисо Моети.

Организацијата ќе ги поддржи локалните здравствени власти во оваа југоисточна африканска земја за да се погрижат случајот да остане изолиран и да не се шири, рече таа, пренесува Радио Слободна Европа.

Полио е заразна болест и може да предизвика парализа и смрт. Освен Авганистан и Пакистан, сите земји во светот ги победија дивите полио вируси со вакцинација. Во Африка последен случај е регистриран во Нигерија во 2016 година.

Слични содржини