Опасна риба уловена во Јадранското море

од Milan1

Перо Угарковиќ од Институтот за океанографија и рибарство во Фејсбук групата „Жив свет на Јадранското Море“ објави дека во последните денови на Јадранот биле фатени два примероци на „инвазивни огнени риби“.

„Во Јадранот штотуку е уловена уште една инвазивна риба. Го фатил локален жител на Луштица во Црна Гора, уловот го пријавил во нивниот Институт во Котор. Мојата прогноза е дека ова лето ќе имаме најмалку 10 вакви случаи на подрачјето на јужниот дел на Јадранот, а можеби и на средината, а тоа мора да им се соопшти на научниците“, напиша Угарковиќ во вторник.

„Готово е, Јадранот е нејзиното море! Не требаше долго да чекаме за уште еден пријавен улов. Повторно на Луштица. Предвидував минимум 10 примероци во 2024 година, но се чини дека ја потценив брзината на неговото ширење“, објави тој само еден ден подоцна за новиот улов.

Видот првпат беше забележан на Јадранот пред пет години

Минатата година Институтот за океанографија и рибарство објасни за каква риба се работи.Огнената риба е инвазивен индо-пацифички вид познат по тоа што ги оштетува локалните екосистеми. Се храни со автохтони видови риби и брзо се шири низ Медитеранот.

На телото има отровни боцки кои предизвикуваат силна болка при пецкање. Постои можност за посериозни симптоми, па во случај на убод се препорачува посета на лекар. Затоа, се препорачува внимателен пристап кон оваа риба, особено во случај да се фати за време на риболов.

Интересно е што отровот во боцките е термолабилен, што значи дека може да се неутрализира со топлина. Најдобо е веднаш по убодот местото да се држи во вода на температура од 40-45 степени Целзиусови 30-90 минути.

Видот првпат беше забележан во Јадранското Море во 2019 година, а најсеверното откритие беше во близина на Вис во 2021 година. Се предвидува дека се почесто ќе се појавуваат во Јадранското Море. Најчесто може да се види во близина на подводни гребени и на помали длабочини достапни за подводни риболовци и рекреативни нуркачи.

Слични содржини