Опасност на булевар „АСНОМ“: Откачен олук ја загрозува безбедноста по невремето во Скопје

од Илинка Илиоска
75 прегледи

На Eдинствениот број за итни случаи 112, во 20:30 часот, добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи по невремето што го погоди главниот град на државата.

– Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК – Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром, појаснуваат од ЦУК.

Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион.

Слични содржини