Опозицијата во Словенија го спречи Собранието да гласа за признавање на државата Палестина

од Milan1
493 прегледи

Конзервативната опозиција во Словенија поднесе предлог за спречување на утрешното гласање на словенечкото Собрание за официјално признавање на државата Палестина. Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша побара „консултативен референдум“ за тоа прашање, па гласањето закажано за утре, вторник, се одложува за најмалку еден месец.

Парламентот сега треба да гласа за предлогот на следната седница на 17 јуни, а доколку биде отфрлен, што е многу веројатно, ќе може да ја продолжи нормалната процедура на гласање за државата Палестина, најверојатно дури на 8 јули.

Словенечката влада минатата недела го испрати указот за Палестина до Парламентот на усвојување, со што ја забрза процедурата која првично требаше да биде завршена до средината на јуни.

Тоа гласање требаше да биде формалност, бидејќи просто мнозинство е доволно за усвојување на текстот, а владејачката централно-левичарска коалиција има 51 од 90 места во парл

Слични содржини