Познатата американска новинарка Опра Винфри (70) заврши во болница каде примала инфузија поради дехидрација и стомачен вирус, објавија денеска медиумите во САД.
-Таа „се опоравува од стомачниот вирус и прими инфузија за дехидрација, како што препорача нејзиниот лекар, рече нејзиниот претставник за медиуми во изјава дадена за Си-Ен-Ен.
„Одмора и се чувствува подобро секој ден, рече тој.
Винфри претходно во видео повик што Кинг го објави на нејзината страница на Инстаграм и кажа на својата најдобра пријателка, новинарката Гејл Кинг, дека „не може да држи вода во телото за да остане хидрирана“, па морала да побара помош во болница.
Кога Кинг и рекол дека изгледа „слабо“, Винфри се согласила дека сè уште не е добро, но дека е „на пат“ кон закрепнување.
Таа, исто така, на својата пријателка ѝ кажала дека многу луѓе во нејзината куќа исто така „заболеле“ од стомачен вирус и ги потсетила гледачите дека е важно да ги мијат рацете.