Опсада во училиште: Наставничка и ученици во Загреб заклучени поради родителска агресија

од Илинка Илиоска
197 прегледи

Денеска наутро, полицијата мораше да интервенира во едно загребско основно училиште поради напната ситуација создадена од страна на родителите на деветгодишно дете. Родителите инсистирале нивното дете, кое претходно било исклучено од настава поради обвиненија за насилство, да присуствува на часовите. Наставничката, чувствувајќи се загрозена од нивното агресивно однесување, се заклучила во училницата со учениците за да ги заштити.

Една од мајките на учениците изрази благодарност кон наставничката за нејзината брза реакција и храброст, откривајќи дека наставничката ги уверила децата дека ситуацијата е само вежба за вонредни околности. Таа истакна дека целиот инцидент бил шокантен и дека траумата од овој настан е само последната во низата на проблеми со кои се соочувале учениците и нивните родители во последните месеци, според извештајот на „Јутарњи лист“.

Кога стигнала на училиште, како што додава соговорничката на „Јутарњи лист“, заедно со другите родители седнале со момчето пред одделението и инсистирале да влезат во училницата.

Рекоа дека им е преку глава од тоа што нивното дете не оди нормално на училиште со другите.

Според написите, тој бил сместен во библиотеката и наставата ја следел онлајн на компјутер, а секогаш бил придружуван од професорка. Момчето секогаш било придружувано од возрасен и не јадело во исто време со учениците од неговото одделение, но децата не се осмелиле да влезат во библиотеката.

Секојдневно ги навредувал своите врсници од класот, малтретирал и сексуално вознемирувал девојчиња и ги снимал со својот мобилен телефон. Истото тоа им го направил и на момчињата удирајќи ги силно по грбот и во неколку наврати со тупаници по главата. Често им се заканувал дека ќе ги убие нивните родители.

Како што пренесува медиумот, фрлил помало момче во воздухот, па дури и турнал еден врсник толку силно што со главата удрил во работ од масата и добил модринка под окото.

Ова биле некои од инцидентите што се случиле во училиштето од ноември минатата година за време на наставата или за време на паузата, а кои ги раскажуваат родителите на учениците.

Слични содржини