Општина Кисела Вода за состојбата на ул. Ангел Димитров: Понекогаш треба малку поголем временски интервал, за нашите жители да добијат целосно сработени и трајни проекти

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Општина Кисела Вода реагираше на денешните информации дека жителите на ул. Лазар Димитров во скопската населба се жалат на бавниот процес на санација на улицата.

„Секогаш кога изведуваме градежни активности, внимаваме истите да бидат квалитетно изведени со цел, нашите жители да добијат целосно сработени и трајни проекти, за што понекогаш треба малку поголем временски интервал. Конкретно, за улицата „Лазар Димитров”, паралелно со нашите активности, се работеше и на регулирање на подземната инфраструктура од страна на ЈП „Водовод и канализација”. Ова нешто се прави пред асфалтирање на улицата за потоа да нема раскопување на реновираната улица. Нивните активности завршија минатата недела. Паралелно, активностите на локалната самоуправа не сопреа и во истиот период Општина Кисела Вода работеше на други улици каде имаше потреба од вакви или слични градежни зафати.

Најостро ги демантираме изнесените тврдења дека буџетот наменет за асфалтирање е потрошен, за што е доказ тоа што работите на гореспоменатата „Лазар Димитров”, продолжуваат од оваа недела“, велат од Општината Кисела Вода.