Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски присуствуваше на конференцијата „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје.
„Младите се клучот за силен напредок и светла иднина. Голема е честа и одговорноста што токму на овој ден, Меѓународниот ден на младите ни е доделена награда на Општина Охрид издвојувајки се како општина која е најотворена, инклузинва и работи за младите“, изјави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски конференцијата.
Наградата се доделува според анализата „Индекс за социjална инклузиjа на младите на локално ниво 2023 – 2024“ која заедно со „Мониторинг извештај за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики“ беа претставени на вчерашната конференција.
„Особено сме горди на официјалното отварање на Младинскиот Културен Центар во Охрид покрај исполнување на преостанатите сервиси и механизми од Законот за младинско учество и младински политики. Овие сервиси им овозможува на младите да ги унапредат своите капацитети и да го зголемат своето учество во процесите на донесување одлуки. Општина Охрид останува отворена за соработка во насока на споделување на своите позитивни практики со останатите локални заедници“, истакна Божиноски.
Конференцијата е завршна во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“. Свои обраќања имаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Александру Албу, раководител на операции 2 во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Филип Ивковски, претседател на Националниот Младински Совет на Македонија.
„Како министер за социјална политика, демографија и млади во чија надлежност се и политиките за младите, верувам дека видливоста на младите во општеството и нивната вклученост во носењето на одлуките ќе ја подигнеме на едно повисоко ниво“, изјави Лимани.
Тој истакна дека младите се во фокусот на Програмата за работа на Владата за 2024-2028 година.
„Целите на Владата се создавање на неопходни услови за младите од Македонија да градат иднина дома, нивно зајакнување преку образование и развој на вештини, поттикнување на младинското учество во процесите на донесување одлуки и промоција на претприемништвото и иновациите“, порача министерот.
„Во фокусот на овогодинешниот Меѓународниот ден на млади решивме да ги поставиме локалните заедници и младите. Идејата е да дознаеме колку општините се грижат за младите, какви политики креираат и дали испорачуваат соодветни и квалитетни одлуки до младите. Со изборот на ‘Општина пријател на младите’ сакаме да ги истакнеме позитивните примери, а воедно да поттикнеме понатамошен развој и на останатите општини“, посочи претседателот на НМСМ Филип Ивковски.
На конференцијата говореа градоначалниците на Општина Кисела Вода и општина Крива Паланка, претставници на меѓународни и домашни организации кои беа дирекно вклучени во проектот како и останати претставници од организации кои работат за подобрување на младинското учество и младинските политики.
Овој настан се организираше во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“ финансиран од Европската Унија, кој имаше за цел да ги ангажира младинските граѓански организации во поддршка на локалните заедници, искористување на постојните механизми за учество во локалните политики, и донесување одлуки поврзани со нивните потреби. Проектот беше имплементиран од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола и Платформата за зајакнување на младите од Гостивар.