Најбројната категорија граѓани корисници на услугите на градскиот превоз во Прилеп, се пензионерите. Причина повеќе прилепските пензионери да ги користат услугите на јавниот превоз, се поволностите кои им ги нудат Општина Прилеп и ЈП ПУП, односно бесплатното четиричасовно користење на автобусите во перидот од 08-12 часот, соопштија од Општината.

Од тие причини, денешниот ден прилепските пензионери го искористија, заедно со градоначалникот Илија Јованоски да се возат во еден од новите автобуси на метан и да се уверат во можностите кои ги нудат четирите новонабавени современи и еколошки автобуси.