Општина Центар ги залепи клупите за седење (ФОТО)

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Денеска е спроведена акција за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар, соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ.

„Воведуваме нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19. Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните. Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот“, сподели Богдановиќ.