Орбан: До почетокот на април 3,5 милиони вакцинирани повеќе од други земји на ЕУ

од Берта Китинска

Унгарија може да има 3,5 милиони повеќе лица вакцинирани против ковид-19 отколку земјите од Европската унија со слична големина, кои користат само вакцини набавени од Запад, изјави пред пратениците унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Постојат реални шанси Унгарија да има вакцинирано повеќе од два милиони луѓе до почетокот на април и дека сите оние над 60 години кои аплицирале за вакцината, ќе бидат вакцинирани, рече Орбан, пренесе МТИ.

На Унгарија и се потребни сите видови вакцини, како инструмент што може да спаси животи и работни места во сегашната ситуација предизвикана од пандемијата, посочи тој.

Падот на случаите со коронавирус во Унгарија е стопиран, рече унгарскиот премиер, повикувајќи се на експертски проекции за можно повторно оживување на случаите поради полесното ширење на мутираната варијанти на вирусот.

Слични содржини