Орбан: ЕУ треба да ја промени својата воена во мировна стратегија

од Milan1
43 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори.

Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, рече дека очекува самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе „МТИ“. Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот План за победа на самитот. „Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот парламент.

Тоа е повеќе од страшно“, рече тој. Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“. Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“. „Јасно е дека ја губиме војната на фронтовите.

Затоа ни треба промена… Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку стратегијата на војната треба да ја замениме со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори“, рече Орбан.

Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“.

Орбан, исто така, рече дека постои и „битка за миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција. Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“. Орбан рече дека се поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и дека затоа е потребна промена, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини