Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неопходно европските лидери да ја препознаат потребата од промена на нивната стратегија во однос на конфликтот во Украина, бидејќи победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „ја променила состојбата на војната“.
Тој рече дека сегашната стратегија на ЕУ во Украина не функционира и дека Русија напредува на линијата на фронтот, пренесува „АП“. Орбан не прецизираше какви дејствија треба да преземе Европа во однос на Украина, но го повтори својот повик за Божиќно примирје на војната во Украина, предлагајќи размена на до 1.000 воени заробеници меѓу Москва и Киев.
Тој рече дека таков прекин на огнот треба да започне на православниот Божиќ, на 7 јануари, иако Украинците од минатата година го слават овој христијански празник на 25 декември.
Унгарскиот премиер додаде дека се договорил со рускиот претседател Владимир Путин да го разгледа предлогот за Божиќен прекин на огнот.