Орбан: Го замолив Зеленски да размисли за итен прекин на огнот

од Илинка Илиоска
44 прегледи

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на ненадејната посета на Киев, дека побарал од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот и додаде дека итен прекин на огнот ќе ги забрза мировните преговори со Русија.

Орбан додаде дека Будимпешта сака да ги подобри врските со Украина и да потпише билатерален договор за соработка, но и да учествува во економскиот развој на Украина, пренесува Ројтерс.

Зеленски на заедничка прес-конференција рече дека денешните разговори со Орбан може да бидат основа за идни договори меѓу Киев и Будимпешта, пренесува Танјуг.

Ова е прва посета на Орбан на Украина од почетокот на руско-украинската војна, а шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, на својот канал Телеграм објави дека Украина направила многу за таа посета да се оствари, пренесува Укринформ.

„Направивме многу за да ја оствариме оваа посета. Важни разговори за иднината на Европа, безбедноста, меѓународното право и формулата за мир“, напиша Јермак.

Посетата на Орбан дојде откако Унгарија вчера го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци.

Слични содржини