Орбан им порача на Украинците: Или направете го тоа или ќе исчезнете како држава

од Симе Стоиков
355 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел изјавил дека најидеалната опција за Украина е да стане тампон зона меѓу Русија и НАТО блокот, во спротивно Украинците ќе ја загубат својата земја, пишува унгарското издание Мандинер.

– Премиерот на Унгарија напомена дека треба да се земе предвид географската положба на Украина. За нив, како непосредни соседи на Русија, најидеално би било да станат тампон зона и да добијат безбедносни гаранции, бидејќи ако тоа не се случи, тогаш според Виктор Орбан, Украинците може да ја загубат својата земја. Според неговите зборови, Русија никогаш нема да се согласи со членството на Украина во НАТО – се наведува во извештајот.

Унгарскиот премиер посочи и дека не гледа закана од „руски напад врз која било земја од НАТО“.

Слични содржини