Орбан: Ќе ги испратиме каде што им е местото, на депонијата на историјата, не сме сами

од Симе Стоиков
368 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа говор на церемонијата на доделување на наградата Јанош Хунјади. Во него тој изјави дека нема да победи империјата на Џорџ Сорос или бирократите во Брисел, туку народите.

Како што наведува, идеалот за „отворено општество“ нема основа во Централна Европа.

– Ќе ги испратиме таму каде што им е местото, во депонијата на историјата, како што направивме со комунистите – најави Орбан.

Тој изјави дека прогресивните либерали се непријателски настроени кон секој што размислува поинаку. Тој посочи дека станале како комунисти и дека претставуваат вистинска закана за слободата бидејќи се обидуваат да ги остварат сопствените утописки фантазии.

Според Орбан, прогресивните либерали во ЕУ не се заинтересирани за Европејците, туку ги интересираат само нивните сопствени идеи.

– Ако цената на постигнувањето на идеалот е уништување на европската индустрија и земјоделството, тие ќе го направат тоа. И ако можат да го избришат културното минато на Европа со илегалната миграција, ќе го направат тоа, смета Орбан.

– Ние не застапуваме идеи, туку луѓе од Европа, нагласи унгарскиот премиер.

– Првпат по многу децении чувствувам дека суверенистите од централна Европа не се сами. Никогаш не сум видел толку добра можност национал-конзервативните, суверените и христијанските сили да станат доминантни во Европската унија“, заклучи Орбан.

Слични содржини