Орбан не се откажува: Унгарските компании им помагаат на руските производители на оружје да ги заобиколат санкциите

Унгарската приватна компанија Milspace Kft е инволвирана во шема за помош на руски воени компании да ги избегнат меѓународните санкции преку олеснување на договори за поправка на хеликоптери во странство, пишува Informnapalm

од Весна Петровска
30 прегледи

Во анализа објавена вчера од истражувачкиот медиум Informnapalm од Украина, утврдено е дека унгарски компании ѝ помагале на руската воена индустрија со цел да се заобиколат санкциите на Европската Унија (ЕУ).

Унгарската приватна компанија Milspace Kft е инволвирана во шема за помош на руски воени компании да ги избегнат меѓународните санкции преку олеснување на договори за поправка на хеликоптери во странство, пишува Informnapalm.

Доказите за оваа соработка меѓу Будимпешта и Москва, украинскиот медиум ги објави во форма на договори и преддоговори, каде унгарската компанија се обврзува да ги застапува руските компании на трети пазари.

Според документите, Milspace Kft ѝ понудила на мексиканската авио-компанија Personas y Paquetes Por Aire решение за заобиколување на ограничувањата наметнати врз руските одбранбени компании, вклучувајќи ги Мил дизајнерското биро и Казан хеликоптери.

Според договорот, унгарската компанија Milspace Kft делува како официјален изведувач на работите, а поправките би се изведувале во постројка во Казахстан, која е лиценцирана од руското Конструкторско биро Мил.

Сите технички операции би биле координирани со Мил и руската државна компанија , хеликоптери на Русија, која се дел од државниот конгломерат Ростех. Дополнително, во договорот се наведува дека само договорот за дијагностика е вреден 92.000 долари.

Слични содржини