Орбан: Одам во Русија за видам кој до каде е подготвен да оди

од Илинка Илиоска
28 прегледи

Унгарското претседателство со ЕУ не ѝ дава мандат за преговори за Украина, но може да ги охрабри сите страни да тргнат по пат кој ќе заврши со преговори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави РИА Новости.

– Уште еднаш ќе појаснам дека унгарското претседателство не дава мандат за преговори во име на ЕУ, но можеме да дознаеме до каде е која страна подготвена да оди. Откако ќе го дознаеме тоа, лидерите на ЕУ можат заедно да носат одлуки, а по одлуките ќе може да се преговара. За жал, сè уште сме далеку од тоа – изјави Орбан.

Според него, Унгарија „нема доволно тежина“, но може да стане „инструмент во рацете на луѓето кои сакаат мир“ и да ги поттикне двете страни на „долг пат, на крајот од кој може да има прекин на огнот и мировни преговори“.

Унгарските медиуми во четвртокот објавија дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто во петок ќе ја посетат Москва по што полскиот премиер Доналд Туск објави порака во која го изрази своето изненадување. Тој на Х го праша неговиот унгарски колега дали е вистина дека само неколку дена по неговото патување во Киев, ќе ја посети Москва.

Реагираше и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, велејќи дека Унгарија, која претседава со Советот на ЕУ, „нема мандат да соработува со Русија во име на ЕУ…“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност,  Жозеп Борел потсети дека претседателот на Русија, Владимир Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и дека е распишана потерница за негово апсење во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија.

Слични содржини