Орбан во Киев за прв пат од почетокот на војната: Унгарскиот премиер пристигна во ненадејна посета на Украина, денеска на средба со Зеленски

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во посета на Киев, негова прва од почетокот на војната во Украина, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ, објави Ројтерс. Орбан ќе се сретне со Зеленски и други високи претставници во Киев само неколку дена откако двајцата разговараа на самитот на ЕУ во Брисел.

Британската агенција наведува дека Орбан, кој е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставувал на многу иницијативи на Брисел за поддршка на Украина во одбрана од руските напади.

Оваа година, по неколкунеделно противење, Унгарија заедно со другите членки на ЕУ ја поддржа помошта од 50 милијарди евра за Украина. ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина минатата недела.

Слични содржини