Орбан за барателите на азил во Европската унија: Ова е црвената линија

од Симе Стоиков
193 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека барателите на азил во Европската унија мора да останат надвор од неа додека не се донесе одлука за ова прашање.

– Ако не сме доволно храбри да кажеме дека секој мора да остане надвор од границите додека се носи одлука за нивниот случај, тогаш без разлика на сите други одлуки тоа нема да успее, рече Орбан, говорејќи на јавната расправа во Европскиот парламент.

– Ова е црвена линија, ако не го направиме ова, се друго ќе остане нерешено, додаде Орбан, пренесува унгарската МТИ.

Слични содржини