158
Унгарија ќе стави вето на какви било санкции на ЕУ кон Русија кои влијаат на нуклеарната енергија, изјави премиерот Виктор Орбан во петокот на државното радио.
Украина ја повика ЕУ да ја вклучи руската државна компанија за нуклеарна енергија Росатом во санкциите, но Унгарија, која има руска нуклеарна централа што планира да ја прошири со Росатом, го одби тоа. Ројтерс пренесува дека Орбан во интервјуто повторил дека на санкциите за нуклеарната енергија „очигледно мора да се стави вето“.
„Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во санкциите. Тоа не доаѓа предвид“, изјави унгарскиот премиер.