Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега обезбеди реизбор за четврти петгодишен мандат на изборите, кои Вашингтон ги опиша како „комедија”. Избирачките места се затворија синоќа во 18.00 часот по локално време, а првите официјални резултати се очекуваат во текот на денот.
Како што пренесуваат странските медиуми, стапката на излезност може да ја покажевистинската слика за тоа колку граѓаните на Никарагва биле за 76-годишниот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо (70), потпретседателка од 2017 година, кои заедно се кандидираа за претседател и за потпретседател.Соединетите Американски Држави остро ги осудија изборите.
„Она што денеска го организираа претседателот на Никарагва и неговата сопруга Муриљо беше пантомима на избори кои не беа ниту слободни, ниту фер и секако не беа демократски”, рече американскиот претседател Џо Бајден во изјавата објавена од Белата куќа за изборите кои ги окарактеризираа како „комедија”.
Опозицијата, чии лидери се или во притвор или во егзил, организираше демонстрации од околу илјада луѓе во Сан Хозе, главниот град на Костарика, каде што се засолниле повеќе од 100.000 Никарагванци.
Опозицијата имаше само еден повик до гласачите – да останат дома.