Ослободени се 49 лица киднапирани од криминална група и принудени на ропска работа во Еквадор

од Milan1
27 прегледи

Еквадорската полиција ослободи 49 лица кои беа киднапирани од криминална група и принудени да работат во рудник во јужниот дел на Еквадор, соопштија денеска локалните власти, пренесува АФП.

Во соопштението од кабинетот на претседателот на Еквадор, се наведува дека „за време на голема операција против организираниот криминал, полицијата успеала да спаси 49 лица кои биле киднапирани од опасната банда Лос Лобос во провинцијата Азуај.

Криминалната банда „Лос Лобос“ е една од главните банди вклучени во трговија со дрога и криминално насилство во јужноамериканската земја.

Слични содржини