Османи: 2030 година може да биде година на полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

од Destan Jonuzi
160 прегледи

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи по средбата со вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека и таа го дели мислењето дека до 2030 година Северна Македонија може да стане полноправна членка на Европската Унија.

– Тоа не е само мое гледиште, туку тоа е став и перспектива што ја делат повеќе луѓе, повеќе луѓе кои проценуваат дека 2030 година може да биде таа година, доколку постигнеме политички консензус и продолжиме без прекин во дипломатските активности. Генерален заклучок е дека 2030 навистина може да биде година на полноправно членство во Европската Унија, рече меѓу другото Османи.