Османи: Овој акциски план од Бугарија е одговор на нашиот, ќе видиме што е спорно во него

157 прегледи

Во своето гостување во Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи посочи дека Бучковски е клучна улога во следењето на акцискиот план, и потенцира дека денешниот одговор е гледиште на веќе нашиот предложен акциски план до Бугарија.

„Акцискиот план го предложив на мојата прва посета во Софија, за прецизна агенда за соработката, а потоа го предложивме како конкретен план на активности и бевме договорени дека Бугарија ќе одговори на тој наш акциски план. Но, добивме едно нивно гледање на акцискиот план и нивна размена на активнсти. Треба да разгледаме што содржи и што е спорно. Улогата на Бучковски е да има постојана комуникација со Бугарија. Кога треба да се постави комуникација за важните прашања, ние треба да ја вратиме довербата. Најважно е да има комуникација и не смее ова да биде замрзнат процес. Нашиот пристап е блиски и добри односи кои сакаме да ги градиме со Бугарија. “

Слични содржини