Остин: Барањето на Бајден што вклучува помош за Украина и Израел ќе биде од корист за САД

од Radmila Tasevska

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека барањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот за дополнително финансирање кое вклучува воена помош за Украина и Израел, исто така ќе биде од корист за американската индустриска база.

Барањето за финансирање „ќе вклучува уште 50 милијарди долари што ќе течат низ американската индустриска база“, како дополнување на околу 27 милијарди долари потрошени во повеќе од 35 американски држави, рече Остин на конференција во Вашингтон.

„Голем дел од парите ќе ни се вратат преку инвестиции во американски работни места“, рече тој.

Остин нагласи дека сите тие пари веднаш ќе бидат вратени во САД преку инвестиции во американската безбедност.

Белата куќа предупреди дека САД би можеле да останат без ресурси за помош на Украина до крајот на календарската година, јави Блумберг, додавајќи дека пакетот се уште се задржува поради барањата на републиканците.

Слични содржини