33
СAД ќе обезбедат нов пакет безбедносна помош во вредност од 2,3 милијарди долари за Украина, клучна противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
САД наскоро ќе објават повеќе од 2,3 милијарди долари нова безбедносна помош за Украина, рече Остин на почетокот на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров.
-Тој пакет… ќе обезбеди повеќе пресретнувачи за ПВО, противтенковско оружје и друга муниција, рече Остин.