Осудениот градоначалник избран во ЕУ Парламентот како кандидат на партијата на Мицотакис

од Milan1
522 прегледи

Градоначалникот на албанскиот град Химара, упориште на грчката етничка заедница во Албанија, кој отслужува двегодишна затворска казна во Албанија поради купување гласови, беше избран за пратеник во ЕУ додека ја отслужуваше затворската казна, како кандидат на владејачката грчка партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис.

Фреди Балери освои над 238.000 гласови и ќе биде еден од 21 грчки пратеник во Европскиот парламент како претставник на Нова демократија на Мицотакис, пишува порталот Политико.

Балери, етнички грчки државјанин на Албанија, моментално отслужува двегодишна затворска казна во таа земја бидејќи беше уапсен во мај 2023 година додека нудеше пари за купување гласови, а само два дена подоцна беше избран за градоначалник на Химара, упориште на етничката грчка заедница во Албанија.

Слични содржини