Сопствениците на смарт-телефоните можат да добијат многу повеќе траење на батеријата од нивниот уред со избегнување на неколку грешки.
До пред десет години корисниците можеа сами да ја заменат батеријата на својот телефон, но тоа време одамна помина.
Заменувањето на батеријата денес значи сервис, а има неколку начини на кои можете да го одложите и истовремено да го продолжите животниот век на батеријата.
Целосно испразнете го телефонот
Кога телефонот е целосно испразнет, тоа многу ја оптоварува батеријата.
Пожелно е да не дозволите батеријата да падне под 20%, но ако е можно, ставете го телефонот на полнач околу тој процент.
Една од причините зошто повеќето производители на телефони даваат предупредување или ја менуваат бојата на индикаторот за батеријата околу 20% е да ги принудат корисниците да го стават уредот на полнач што е можно поскоро и со тоа да го продолжат животниот век на батеријата.
Го оставате телефонот на полнач долго време или го полните преку ноќ
Новите батерии работат најдобро во опсегот помеѓу 20% и 80%.
Колку подолго телефонот е над 80% или под 20%, толку повеќе батеријата ќе се истроши. Проблемот со полнењето преку ноќ е што телефонот се полни за час или два, а остатокот од ноќта го поминува спиејќи на 100% батерија. Ова директно го скратува животниот век на батеријата.
Apple, на пример, имплементира софтверски трик за да спречи трошење на батеријата кај корисниците кои ги полнат телефоните преку ноќ. Оваа опција автоматски се вклучува и ако ја полните во текот на ноќта, батеријата ќе се полни до 80% и ќе стои на тој процент до зори кога ќе го наполни остатокот од батеријата.
Ако користите iPhone, можете рачно да ја вклучите оваа опција со одење во Settings, изберете Battery, потоа Battery Health, каде што има опција за оптимизирано полнење на батеријата (Optimized Battery Cahrging).
Користете полначи што не се оригинални
Бидете внимателни кога купувате полнач за телефон.
Одредени производители избегнуваат одредени стандарди за да ја намалат цената на производот. Евтините и нестандардизирани полначи можат да ја оштетат батеријата на телефонот, а во некои случаи дури и да се запалат.
Порталот „Бизнис инсајдер“ наведува дека евтините полначи обично немаат сертификати од реномирани организации и лесно можат да се запалат или да експлодираат, што може да го загрози животот на корисникот.
Се препорачува да користите полнач и телефон од ист производител.
Форматирајте ја батеријата
Новите телефони, за разлика од оние од минатото, не бараат форматирање на батерија – напротив.
Разликата е во тоа што старите батерии користеа никел за нивната основа, додека новите користат литиум. Затоа, својствата на старите и новите батерии се сосема различни.
Литиумските батерии, кои денес ги користат сите паметни уреди, не се форматираат. Форматирањето дури им штети на овие батерии бидејќи телефонот троши повеќе време на 100% батерија.
Го користите телефонот додека се полни
Ова и штети на батеријата, но само поради една работа – загревањето на уредот.
Телефонот веќе се загрева додека се полни. Со негова употреба уште повеќе ја креваме температурата и го успоруваме полнењето, што на крајот лошо влијае на здравјето на батеријата.
Прегревање
Температурите под 0 или над 45 степени целзиусови лошо влијаат на траењето на батеријата. Батериите најдобро функционираат во опсегот на собна температура (околу 25 степени целзиусови). Секогаш треба да се избегнуваат екстремни температури.
Последиците можат да се забележат и во пракса. Телефоните, кога е премногу ладно или премногу топло, можат сами да се исклучат веќе околу 20% и тоа е сосема нормално однесување.
Користите апликации кои го „забрзуваат“ полнењето
Во продавниците за апликации, особено на Android, има многу апликации кои го анализираат или забрзуваат полнењето.
Овие апликации користат софтверски трикови, како што е убивање на процесите во заднина на телефонот, за да го продолжат животниот век на батеријата, но тие во суштина не можат да го модифицираат хардверот на телефонот.
Покрај тоа, секоја од овие апликации сама по себе работи во позадина.
Цело време ви е уклучена опцијата за штедење на батеријата
Заштедата на батеријата не треба да се вклучува кога телефонот е полн, туку само околу 80 проценти. На овој начин се добива дополнително време со едно полнење и тоа не го скратува животниот век на батеријата.
Ова не важи за iPhone, чиј режим за штедење батерија е практично бескорисен во споредба со она што го нудат телефоните со Android.