Осум лица се убиени во рација во скривалиштето на Исламската држава во Авганистан

од Radmila Tasevska
130 прегледи

Осум лица загинаа, а седум се уапсени во рација во засолништа на милитантната група Исламска држава во Авганистан, соопшти денес владината канцеларија за односи со медиумите.

„Овие членови одиграа голема улога во нападот на кинескиот хотел и го отворија патот за странските членови на ИД да дојдат во Авганистан“, изјави на Твитер портпаролот на талибанската влада Забиулах Муџахид, пренесе Ројтерс.

Наведено е дека во рацијата безбедносните сили заплениле поголемо количество оружје и експлозиви.

Слични содржини