121
Во експлозија во француска фабрика која произведува компонента барут, повредени се осум лица, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди, соопштија денеска локалните власти.
Фабриката, лоцирана во градот Бержерак на југот на Франција, е специјализирана за производство на нитроцелулоза, високо запаливо хемиско соединение.
Официјални лица велат дека причината за експлозијата е „очигледно внатрешна“ во фабриката, но дека ќе се спроведе истрага за да се утврди тоа.
Експлозијата предизвика пожар кој го изгаснаа околу 60 пожарникари.