По зголемената офанзивна активност на беспилотни летала од Украина, резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдај, северно од Москва, сега е зајакната со повеќе системи за противвоздушна одбрана.
Во некои претходни извештаи беше наведено дека еден систем за противвоздушна одбрана Панцир бил инсталиран во близина на резиденцијата за одмор на претседателот, но сега сателитски снимки го потврдуваат присуството на најмалку седум такви системи распоредени околу добро чуваниот комплекс, пренесува Newsweek.
The air defense system near Putin’s palace in Valdai has appeared on Google maps
In March 2024, a tower with the Pantsir-S1 air defense system was installed near Putin’s residence in Valdai, Radio Liberty reports.
The air defense system is visible from the air – right now you… pic.twitter.com/UxsbfqJ3dg
— NEXTA (@nexta_tv) July 15, 2024
Распоредувањето на системи за противвоздушна одбрана околу станбениот комплекс на Путин во Валдаи го потврди и Институтот за проучување на војната (ISV), американска невладина истражувачка група.
ISV сугерира дека ова распоредување на системи за противвоздушна одбрана е дел од пошироката стратегија за заштита на потенцијално значајните цели од напади на украински беспилотни летала, кои се повеќе оперираат длабоко на руска територија.
Противвоздушните системи Панцир се средства со краток до среден дострел наменети за уништување авиони, хеликоптери, ракети или други помали закани како што се беспилотните летала и можат да пресретнат цели на растојание од 20 до 40 километри. Сателитските снимки снимени на 6 мај укажуваат и на присуство на други, непознати воени технологии во близина на претседателската палата.
Други разузнавачки извори тврдат дека се идентификувани уште најмалку шест системи за противвоздушна одбрана заедно со единаесет мобилни системи земја-воздух С-300/400 и неколку радарски станици со долг дострел распоредени околу резиденцијата на Путин, но воените аналитичари не ја исклучуваат можност да има уште скриени во густата шумска површина околу станбениот комплекс во Валдаи, пренесува Танјуг.