Кина не е една од страните во украинската криза, но нема да седи со скрстени раце, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на телефонскиот разговор со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.
Ванг и Сијарто разговараа телефонски во неделата. Двајцата министри разговарале за билатералните односи меѓу земјите и за украинската криза, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Руската државна новинска агенција РИА Новости ги објави зборовите на Ванг: „Кина не е една од страните во украинската криза, но ние нема да бидеме рамнодушни набљудувачи“, пренесува „Гардијан“.
Ванг истакна дека Кина нема да долева масло на огнот.
„Отсекогаш сме биле упорни и доследни во охрабрувањето на мирот и преговорите“, рече тој.
Лекциите од украинската криза се „длабоки и вредни лекции за сите страни“, истакна Ванг, велејќи дека на долг рок, страните треба да разговараат за градење урамнотежена, ефективна и одржлива европска безбедносна рамка за да се постигне траен мир и безбедност.