Пирето од компири е совршен додаток за речиси секое јадење со месо особено ќофтиња, сарма или кое било друго јадење со сос. Нема ништо поразочарувачки од тоа кога вашето пире од компири ќе испадне грутчесто, суво и безвкусно.
Ако барате рецепт за најкремастo и најсочнo пире од компири, без мака и тони состојки, еден „TikToker“ тврди дека има совршено решение.
Креаторката на кулинарски содржини Дина Боршч, која стои зад „TikTok“ профилот „Создади чинија со Дина“, споделува лесни рецепти и идеи за вкусни оброци секој ден. Овој пат, таа откри како го прави своето совршено кремасто пире од компири.
Чекор-по-чекор рецепт:
Прво, излупете ги белите компири, исечете ги на коцки и ставете ги во ладна вода.
Гответе ги компирите околу 20 минути, покриени, и додадете коцка пилешка супа во водата за да му дадете на пирето побогат вкус.
Кога компирите ќе се сварат, исцедете ги и оставете ги настрана.
Во посебен сад, растопете малку путер со млеко, а потоа додадете ја оваа топла смеса во компирите.
Додадете малку павлака за готвење (слатка павлака) и добро изгмечете сè заедно или матете со миксер.
Додадете сол, малку мускатно оревче, бибер и други зачини по желба, повторно добро измешајте сè и гмечете додека не добиете совршена кремаста текстура.
Послужете го пирето со јадење по ваш избор и уживајте во убавиот вкус.