Тешко злосторство се случило во гимназија во Словачка кога младото момче Самуел С.(18) извршило напад со нож и убило најмалку две лица, а повредило уште неколку.
Се работи за одличен ученик и многу интелигентен, кој минатата година учествувал на младинскиот европски натпревар и бил истакнат на Фејсбук страницата на училиштето.
Самуел во минатото освоил и повеќе награди во натпревари во мал фудбал, кошарка, германски јазик…
Тој постигнал и исклучително успешен резултат на натпреварот „iBobor“ во алгоритамско размислување со резултат од 99,10 проценти. Тогаш во Словачка се натпреварувале 6.030 ученици, од кои само 6,05 отсто биле успешни.
По масакрот тој се обидел да го напушти училиштето и да побегне од местото на настанот, но полицијата брзо го уапсила. Нападот се случил нешто пред 13 часот, а на местото пристигнале неколку екипи на Брзата помош. Полицијата околу 20 минути трагала по насилникот.